Синот на славниот актер откри дека живее во приколка: „Имам сè што ми треба. Кујна, туш и кревет“

Точка

02/05/2026

13:02

351

Големина на фонт

а а а

Синот на актерот Том Хенкс деновиве се врати на Нетфликс во новата сезона на серијата „Running Point“, а истовремено гради кариера во кантри-музиката.

Чет Хенкс по тој повод гостувал во вечерната емисија кај Џими Фалон, каде што открил дека живее во приколка во камп-парк во Нешвил.

Триесет и петгодишниот син на искусниот актер и Рита Вилсон, исто така, потврдил дека неодамна се преселил во парк со приколки токму за да ја продолжи кариерата во кантри-музиката.


„Не сакав да купам стан, бидејќи буквално штотуку добив стан во Лос Анџелес и го уредив“, објаснил членот на бендот „Something Out West“. „Не сакав повторно да го правам тоа и не сакав повторно да го уредувам. Така што престојував во Ер би-ен-би-сместувања и хотели, а тоа навистина ми здодеа, бидејќи едноставно сакам да имам свој сопствен простор“, појаснил тој.

Чет рекол дека за тоа го инспирирало неодамнешното патување во Кармел-бај-д-Си во Калифорнија, за да ужива во минималистички начин на живот.


„Престојував во приколка Airstream и навистина ми се допадна. Помислив: ’Човек, сакам една ваква… ‘ Па и ја набавив. Набавив приколка“, рекол Чет.

Актерот додал дека неговиот дом на тркала има „сè што ми треба. Имам своја кујна. Имам, знаете, туш-кабина“.


Сепак, како што рекол постои голем контраст меѓу него и соседите: „Веројатно сум најмладата личност во кампот со приколки, и тоа со разлика од 30 или 40 години. Не е она што го мислиш, знаеш? Мислиш: ох, ќе живееш во приколка. Можеби е малку сомнително. Можеби е малку опасно. Но, таму се едноставно пензионери, знаеш? Прекрасни луѓе“, раскажал актерот.


Потоа Фалон се вмешал и го прашал Чет дали целосно ги користи погодностите на кампот. „Имам логорски оган пред приколката. Имам огниште и го користев. Но, поголемиот дел од времето го правам токму она што го правам и дома, а тоа е да останам внатре, да лежам во кревет и да гледам Нетфликс и слични работи“, појаснил тој.