Меган Блејн (19) почнала да оди во солариум уште во основно училиште, а до 14-годишна возраст веќе станала зависна.
Деветнаесетгодишната Меган Блејн има необична навика – не може да престане да оди во солариум. Можеби на прв поглед тоа не звучи сериозно, но кога ќе го видите нејзиниот тен, ќе ви стане јасно зошто многумина во нејзината околина ѝ велат дека изгледа како „валкана паричка“.
Како што самата открила, Меган почнала да оди во солариум уште во основно училиште, а на 14 години веќе била зависна. Причината зошто воопшто започнала со оваа „авантура“ бил нејзиниот природен, исклучително блед тен. Сепак, Меган денес горко се кае.
'I'm so addicted to sunbeds I go on them four times a week - I can't stop' https://t.co/spm7VVXZ9T pic.twitter.com/Oo0AIBAEZU
— Mirror Weird News (@MirrorWeirdNews) July 7, 2025
„Сега би сакала да не сум почнала. Со 14 години почнав да користам вештачки бронзер. Бев навистина бледа и сакав да бидам потемна. Еден ден, мајка ми го извади солариумот од гаража, и си помислив: „Знаеш што? Ќе го искористам додека е на работа.“ Пресметував точно колку електрична енергија сум потрошила и ѝ ја надоместував“, ја започна својата приказна Меган.
Таа објасни дека оди во солариум четири пати неделно по 15 минути, но тоа не е сè – Меган си вбризгува и инјекции за самопотемнување пет пати неделно.
„Многу луѓе се вртеа по мене на улица. Ме гледаат од глава до пети и ми се смеат“, вели искрено Меган, додавајќи дека во солариумот го потемнува и лицето.
Исто така, истакнува дека веќе не се сеќава каков ѝ бил природниот тен, и дека е свесна за сите опасности од преголемо изложување на зраците што ги испушта солариумот, но дека, и покрај тоа, не може да се откаже.
„Понекогаш плачам по солариум затоа што знам каква штета ѝ нанесувам на мојата кожа, но чувствувам дека веќе е предоцна. Имам бенки насекаде по телото. Не знам дали тие бенки се канцерогени“, рече таа и додаде дека одењето во солариум за неа повеќе е компулсивна навика, иако веќе не ѝ се допаѓа, но не може да му одолее на поривот.
„Да можев да разговарам со себе кога имав 14 години, ќе си кажев: „Не се менувај поради никого. Таква каква што си, си сосема доволна, не мораш да се вклопиш во толпата, само биди своја“, објасни таа, а следбениците на социјалните мрежи го изразија своето мислење во коментарите.
„Изгледа како прекрасна личност и искрено ѝ посакувам сè најдобро на патот кон ослободување од зависноста“, „Толку е мила, се надевам дека ќе добие помош и ќе го избегне ракот“, „Изгледа како добро испечен тост“ – се само дел од коментарите.