[ФОТО] Смело и „одмаздничко“ издание на Дакота Џонсон за чиста 10-ка: Овој стајлинг секоја дама ја претвора во божица

Точка

07/07/2025

16:16

590

Големина на фонт

а а а

Актерката се појавила на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари и воодушевила со своето модно издание.

Актерката Дакота Џонсон неодамна ставила точка на осумгодишната љубовна приказна со пејачот на групата „Coldplay“, Крис Мартин.

Како што пишуваа странските медиуми, тие двајца се оддалечиле поради различни животни ритми, но и поглед кон иднината.

Имено, актерката била подготвена да се оствари во улогата на мајка, а пејачот којшто веќе има две деца од бракот со актерката Гвинет Палтроу, сметал дека тоа поглавје во неговиот живот е завршено.


Периодот по раскинувањето, Дакота го користи да се одмори и да ги наполни батериите за сѐ што ја чека, па така 4 јули го прославила на јахта на Ибица во друштво со пријателките Софија Вергара и Кејт Хадсон.

Изминативе недели актерката имавме можност да ја видиме во моќни модни комбинации.

Така било и синоќа кога се појавила на филмскиот фестивал во Карлови Вари и го покажала својот најнов „одмазднички“ фустан.

Актерката на црвениот тепих се појавила во тесен, црн фустан без рамки кој го потпишува Тјери Муглер, а кој ја истакнал нејзината фигура на тело.

Додека ја примала наградата таа изгледала навистина неверојатно.


Макси фустанот од плиш имал интересно и длабоко деколте кое личело на срцевиден изрез.

Моделот ја следел линијата на тело истакнувајќи ја беспрекорната фигура на актерката.

Својот гламурозен изглед Дакота го заокружила со црни салонки Џими Чу, а уште поголема доза на елеганција додала со дијамантскиот накит во вид на прекрасен ѓердан, алка и обетки со смарагди.

Ненападната шминка ги истакнала нејзините прекрасни црти на лицето, а и фризурата го следела нејзиниот елегантен стил.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Дакота Џонсон?