Компанијата "Meta" со месеци води агресивна кампања за регрутирање на врвни експерти од "OpenAI", а приказните за бонуси од 100 милиони долари за премин станаа урбана легенда во технолошката индустрија. Сега Лукас Бајер, поранешен истражувач на "OpenAI" кој неодамна се приклучи на "Meta", одлучи јавно да каже што навистина се случува.
Бајер, заедно со колегите Александар Колесњиков и Сјаохо Жај, во ноември минатата година го напуштија "Google DeepMind" за да се приклучат на тимот на "OpenAI" во Цирих. Но, веќе во јануари 2025 година, сите тројца се префрлија во "Meta".
Кога повторно се појавија гласините на социјалните мрежи за „легендарните бонуси“, Бајер на платформата X јасно напиша:
„Приказните за бонус од 100 милиони долари се лага — ниту јас, ниту моите колеги добивме такви пари.“
Неговата изјава предизвика лавина реакции во коментарите. Некои корисници му изразија поддршка, додека други го критикуваа за тоа што ја напуштил компанијата што, според нив, му овозможила кариера и финансиска сигурност.
hey all, couple quick notes:
— Lucas Beyer (bl16) (@giffmana) June 26, 2025
1) yes, we will be joining Meta.
2) no, we did not get 100M sign-on, that's fake news.
Excited about what's ahead though, will share more in due time!
cc @__kolesnikov__ and @XiaohuaZhai.
Сем Алтман одамна предупредуваше на стратегијата на "Meta"
Сем Алтман, извршен директор на "OpenAI", не е изненаден од овој развој на настаните. Во интервју за поткастот "Uncapped with Jack Altman", тој изјави дека "Meta" ја користи својата финансиска моќ за да привлече таленти.
Алтман додаде дека ја почитува "Meta" како компанија, но не ја смета за особено иновативна. Според него, најдобрите луѓе од "OpenAI" сè уште се таму, и покрај агресивните обиди за регрутација од конкуренцијата.
Иако приказните за бонусите од 100 милиони долари се покажуваат како неточни, "Meta" сепак интензивно вложува во вештачка интелигенција, со инвестиции од 15 милијарди долари во компанијата "Scale AI". Основачот и извршен директор на "Scale AI", Александар Ванг, се очекува наскоро да ја напушти својата позиција и да се приклучи на "Meta" за работа на развојот на суперинтелигенција.
Изјавите на Бајер веројатно ќе влијаат на тоа истражувачите во "OpenAI" да бидат повнимателни при разгледување на понуди од конкурентските компании. "Meta" сè уште нема излезено со официјален коментар по повод тврдењата на Бајер за бонусите.