Мареска пред четвртфиналето на Челси: Нето сам ќе одлучи дали ќе игра

Дерби

04/07/2025

14:20

201

Големина на фонт

а а а

Челси се подготвува за четвртфиналето на Светското клупско првенство, а засега останува нејасно дали менаџерот Енцо Мареска ќе смета на Педро Нето.

Португалскиот репрезентативец е погоден од смртта на својот голем пријател Диого Жота, па Мареска открил дека му оставил сам да одлучува дали ќе биде во комбинација за мечот во Филаделфија.

Нето го пропуштил вчерашниот тренинг, нешто што беше и очекувано ако се знае дека тој и Жота играа заедно во редовите на Волвс, а неодамна беа дел од португалската репрезентација која триумфираше во Лигата на нации.

– Педро е многу тажен, веројатно и многу повеќе од тоа.

– Ние сме тука за да го бодриме, ќе биде целосно негова одлука дали ќе игра. Каква одлука и да донесе, ќе биде во право, а ние ќе го поддржиме, – рекол Мареска.

Натпреварот меѓу Челси и Палмеирас се игра во сабота наутро по македонско време.