Докторот кој последен ги видел Жота и неговиот брат: Ми кажаа дека ќе преспијат во Бургос

Дерби

04/07/2025

11:17

289

Големина на фонт

а а а

Диого Жота и неговиот брат Андре го загубија животот во стравичната сообраќајна несреќа во Шпанија, а трагедијата и натаму е топ вест во светските медиуми.

Португалски „Рекорд“ разговарал со човекот кој бил меѓу последните кои комуницирале и се виделе со браќата пред нивниот кобен пат кон Сантандер, каде требало да се качат на ферибот за Англија.

Се работи за респираторниот физиотерапевт Мигел Гонсалвеш, кој му помагал на Жота да го надмине проблемот со пукнатината на белите дробови, дијагноза поради која и фудбалерот бил советуван да патува со автомобил, а не со авион. Гонсалвеш ја потврдил средбата со Жота и неговиот брат во вечерните часови, демантирајќи дека фудбалската ѕвезда се забавувала до доцна пред да тргне на пат.

– Се поздравив со него и неговиот брат околу 20:30 часот вечерта. Неговиот брат му беше одличен придружник па решил да оди со него во Англија за да му прави друштво, а и да поминат повеќе време заедно.

– Решија да патуваат навечер поради пониската температура, но немаше да одат директно во Сантандер. Ми најавија дека ќе преспијат во хотел во Бургос, па следниот ден ќе го фатат траектот за враќање во Англија.

– За жал, во медиумите прочитав и некои работи кои се неиздржани. Диого и Андре воопшто не беа луѓе кои заглавуваат на забави, а Жота беше голем професионалец. Имаше одличен напредок во однос на проблемот, на последната средба ми кажа дека веќе не чувствува болка и беше среќен што се враќа во Ливерпул, – рекол Гонсалвеш.