Ѓоковиќ загуби сет, но тргна победнички на Вимблдон

Дерби

02/07/2025

11:18

144

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ успешно го одработи првото коло на трениот грен слем во оваа 2025 година-Вимблдон.

Ѓоковиќ за ривал на другата страна го имаше Александр Милер, играч кој е на 41 место на АТП листата и му даде отпор на фаворитот.

Французинот успеа да освои сет против седумкратниот освојувач на Вимблдон и тоа оној вториот кој беше најнеизвесен и се играше тај-брејк каде подобро се снајде и славеше со 9-7.

Сепак во останатите сетови Новак го имаше главниот збор и со 6-1, 6-2 и 6-2 заслужено обезбеди билет за втората рунда во која го очекува домашниот рекет Даниел Еванс, играч кој важи за голем борец и сигурно ќе сака во најдобро издание да се претстави пред публиката во Лондон.