[ФОТО] Даниела е рагбистка: Кога се соблече во бикини – стана мис

Точка

01/07/2025

17:18

1.147

Големина на фонт

а а а

Даниела Синг, рагбистка од Манчестер, стана интернет сензација. За многу луѓе, рагбито е груб спорт и не се смета за женствен. Но, кога Даниела го замени спортскиот дрес со костим за капење, ги замолчи сите кои ја исмејувале како дете – и ги натера да ѝ се восхитуваат.

Таа беше прогласена за Мис на натпреварот за костими за капење во Манчестер и сега има голема армија обожаватели.

Поради нејзиното мешано англиско-индиско потекло, децата често ја исклучувале од друштво и ѝ недостасувала самодоверба – сè додека не наишла на објава за изборот за костими на "Instagram" и се пријавила.


„Ме малтретираа на училиште, се чувствував како трн во око. Тоа го правеа децата. Дури на втора година од универзитет сфатив дека луѓето ја сакаат мојата боја и се подготвени да ја прифатат. На училиште бев многу несигурна, но и момчето ми даваше поддршка“, изјави Синг за локален весник.

Дури и на теренот изгледа сосема поинаку од стереотипната слика за рагби играчка.

„Постојат стереотипи за рагбито, и токму затоа сакав да се обидам. Луѓето мислат дека мораш да бидеш крупна мачо-жена, но јас понекогаш ставам и маскара на очите“, вели Синг.