Нико Вилијамс непожелен во Билбао

Макфакс

01/07/2025

15:37

587

Големина на фонт

а а а

Крилниот напаѓач на Билбао, Нико Вилијамс (22), се сели во Барселона, откако ги договори личните услови, а раководството на Каталонците ќе ја активира неговата откупна клаузула од договорот со баскискиот клуб вреден 58 милиони евра. Инаку, „Трансфермаркт“ го проценува на 70 милиони евра.

Договорот ќе биде на шест години, а тој ќе заработува осум милиони евра по сезона. Иако е млад, остави голема трага на „Сан Мамес“, одигра 167 натпревари, постигна 31 гол и забележа 30 асистенции.

Треба да се има предвид дека минатото лето беше на чекор до трансфер во Барселона, но се предомисли во последен момент.

Тогаш ги воодушеви навивачите на Билбао, сега призна „дека погрешил што останал“, и го предизвика гневот што огнените Баскијци го изразуваат на различни начини, а ова е еден од нив: мурал насликан минатата година кога го освоија Кралскиот Куп, не еднаш, туку двапати, е уништен.

Прво, неговото лице беше прецртано, а под него беше напишано: „Заминал или останал ја изгуби нашата доверба“, а кога муралот беше реставриран, некој го нацртал со боја и додал: „По…нУрс… стаорец“.

Во меѓувреме, се дозна дека неговиот агент имал два разговори со претставници на Баерн, а познато е дека Арсенал и Челзи се заинтересирани и за него.

Сепак, беше јасно на која страна ќе оди кога им рекол на играчите на Барселона, Ламин Јамал, Педри, Гави и Фермин Лоптез, на собирот на рпрезентацијата пред дуелите во Лигата на нациите: „Браќа, земете ме со вас“.