Пеп Гвардиола стави крај на втората најлоша сезона во својата кариера, такашто рано утрово неговиот тим беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство.
По онаа во која не освои ниту еден трофеј во првата година во Сити, ова е статиситчки втора најлоша за искусниот шпански стручњак, кој сега сета сила и мотивација ги пренасочува за летните подготовки и сезоната која очекува да биде уште толку повозбудлива.
Гвардиола доби неколку елитни засилувањата уште пред стартот на Светското клупско првенство и можеше да тестира најголем дел од нив, па сигурно ќе замине на одмор со повеќе идеи за тоа што следи.
– Вистинска штета е што загубивме на натпревар кој можевме да го решиме во регуларниот дел. Имавме доволно шанси и бевме конкретни, но не ја завршивме работата.
– Имам чувство дека тимот беше добар, но мора да го прифатиме фактот дека си одиме дома. Сепак, си одам со позитивни мисли. Видов работи кои ги немав видено подолго време, а тука посебно мислам на односот меѓу играчите и стручниот штаб. Има позитивни реакции, сега ни преостанува да одмориме и да се исклучиме на некое време, а потоа да се вратиме посилни и со голема мотивација за новата сезона, – изјави Пеп.