13 занимливости кои не ги знаевте за Ана Винтур: Кога ќе види дека лифтот е полн, прави нешто на што никогаш не би помислиле

Точка

27/06/2025

19:49

1.082

Големина на фонт

а а а

Како што вчера објавија странските медиуми, долгогодишната главна уредничка на американското модно списание „Vogue“ Ана Винтур им соопшти на вработените дека ќе ја напушти водечката позиција во тоа списание.

Британската модна новинарка поминала 37 години на оваа позиција, а ќе остане глобална главна директорка за содржини на издавачот и глобална уредничка директорка на „Vogue“.


Во текот на речиси четири децении на чело на „модната библија“, Ана Винтур стана една од највлијателните жени во модната индустрија и личност за чија наклонетост се натпреваруваат и дизајнерите и познатите личности. Жената која се смета за челична дама на светската мода и покрај својата огромна популарност, успеа да се држи подалеку од прекумерното експонирање и да остане моќна фигура во заднина, а истовремено да ги држи сите конци.

13 занимливости за Ана Винтур

Сепак, таа имала и конфликти со познати личности, кршела многу норми, довела до големи пресврти, а во продолжение интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:

1. Ана Винтур кратко време била уредничка на женското еротско списание „Viva“.


2. Првата насловна страница на списанието „Vogue“, кое таа го уредувала, толку многу отстапувала од нормата што печатарската куќа се јавила да праша дали била испратена по грешка.

3. „Њујорк тајмс“ напиша дека Ана Винтур секоја година добива околу 200.000 долари како „џепарлак за облека“, односно за нејзиниот деловен стил, шминка, фризура … и тоа е сосема одвоено од нејзината плата.

4. Кога работела во списанието „Harper’s Bazaar“, во седумдесеттите години, била отпуштена затоа што „не го разбирала американскиот пазар“.


5. Додека била модна уредничка во „Harper’s Bazaar“, се шпекулирало дека се запознала со легендарниот Боб Марли и исчезнала со него една недела. Децении подоцна, таа изјавила во емисијата „The Late Late Show with James Corden“ дека никогаш не ја запознала најголемата ѕвезда во историјата на реге музиката.

6. „New York Magazine“ напиша дека платата на Ана Винтур во 2011 година била два милиони долари, а се верува дека подоцна била уште повисока.

7. Таа има иста фризура од нејзината 15 годишна возраст. Тогаш ја скратила косата и оттогаш не ја сменила.


8. Носи „Маноло Бланик“ салонки кои се дизајнирани специјално за неа за да го истакнат нејзиниот тен.

9. Ана Винтур е дефинитивно жена која често морала да се справува со подлизурковци, а истите не може да ги поднесе. „Сакам силни луѓе“, изјави во една прилика. „Не ги сакам луѓето кои велат „да“ на сè што ќе им кажам. Сакам луѓе кои се расправаат, не се согласуваат и имаат став за работите“, додаде Винтур.


10. Малку е познато дека таа се откажала од средно училиште откако често се расправала за кодексот на облекување и должината на здолништето.

11. Ана Винтур никогаш не пие алкохол, а на забавите организирани од „Vogue“ таа пие само капучино.


12. На забавите останува само 20 минути.

13. Со години се шпекулира дека Ана Винтур не сака да дели лифт со други, а Тим Ган тврди дека во една прилика го видел обезбедувањето како ја носело по скалите бидејќи лифтот постојано бил полн.