[ФОТО] Сопственичка на хотел не го препознала Јокиќ: Реакцијата на нејзиниот сопруг кога ја видел фотографијата стана хит

Точка

27/06/2025

15:48

2.596

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми објавија дека трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, поминал една ноќ во италијанскиот град Ферара, а жената во чиј хотел престојувал не знаела кој е тој.

Алесандро Запароли, анестезиолог и менаџер на хотелот, раскажал смешна и кратка приказна, која ја опишал и како „тажна“.

„Мојата сопруга има мало сместување во Ферара. Еден ден ми испрати фотографија од многу висок човек кој престојувал таму, велејќи: „Дојде да ги гледа коњите, а сега си замина“. Ми ја испрати фотографијата и ме праша: „Го препознаваш ли?“… Ме праша дали го познавам најсилниот кошаркар на светот“, раскажа Запароли.

Потоа сопругот одговорил дека тоа е Никола Јокиќ, и ѝ објаснил дека е еден од најдобрите кошаркари во светот, жалејќи што самиот немал можност да се сретне и да го запознае.

Според италијански извори, ова не била првата посета на Јокиќ, кој наводно бил на истото место пред четири години, кога ги посетил тамошните штали со неговиот татко.

Потсетуваме пред две години, слична ситуација се случила и во Босна и Херцеговина, каде што посетил локална продавница за да купи пиво, но продавачката не го препознала.