Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Макфакс

26/06/2025

11:57

126

Големина на фонт

а а а

Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.

Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари.

Оваа бројка го вклучува основниот договор плус бонуси и други додатоци за време на траењето на договорот. Меси е лидер во двете категории, далеку пред другите ѕвезди на лигата.

Вториот најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари. Италијанецот е единствениот покрај Меси кој заработува повеќе од 10 милиони по сезона.

Меѓу првите 10 се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емил Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Џонатан Бамба (Чокаго) – 5,6.

Освен доминацијата на теренот, Меси е и маркетиншка машина. Интер Мајами забележа огромен пораст на вредноста, гледаноста и продажбата на дресови откако тој пристигна во Мајами.