Далас ја „грабна“ најголемата колеџ ѕвезда и формираше ново опасно трио

Дерби

26/06/2025

10:53

123

Големина на фонт

а а а

Далас Маверикс ги шокираше сите љубители на кошарката со одлуката да се ослободи од Лука Дончиќ пред неколку месеци или поточно да го размени за Ентони Дејвис, па иако управата на клубот доби доста критики за тоа потоа им се насмевна среќата и тимот од Тексас се здоби со право прв да бира на овогодинешниот НБА драфт.

Рано утрово се одржа драфтот, а Далас сосема очекувано ја избра најголемата колеџ ѕвезда, играчот за кого има доста споредби и со Дончиќ - тоа е Купер Флег.

Флег беше одлучен на универзитетот Дјук, вистински лидер на таа екипа и сега ќе има можност да се докаже на најголемата сцена со најголемите кошаркарски ѕвезди на светот. Купер заедно со Ирвинг и Дејвис формираат опасно трио и Маверикс дефинитивно ќе биде еден од тимовите кои ќе се бори за највисок пласман во следнава сезона.

Сан Антонио се реши да го избере Дилан Харпер, додека Ви-Џеј Еџкомб оди во Филаделфија.

Интересно е тоа што Бруклин избра пет играчи со што го сруши рекордот за најмногу избори за време на првата рунда од НБА драфтот.