Интернетот е преполн со неверојатната и застрашувачка изведба на Сергеј Бојцов, кој буквално висеше од небото додека изведуваше акробации што се спротивставуваат на здравиот разум.
Без падобрани, јажиња, сигурносни појаси или какво било обезбедување, триесетгодишниот спортист изведе серија вртоглави гимнастички фигури на хоризонтална шипка под балон на топол воздух на надморска височина од 1.500 метри.
Снимката што се појави на социјалните мрежи веднаш стана вирална, собирајќи милиони прегледи и мноштво коментари. Публиката ширум светот е поделена помеѓу апсолутна фасцинација и апсолутен ужас.
Некои се воодушевени од храброста на Бојцов и го нарекуваат „луд гениј“, додека други остро го критикуваат ваквото поигрување со животот, велејќи дека ниеден албум не вреди таков ризик.
Многумина се прашуваат дали е воопшто можнo носење на безбедносен појас во овие услови, бидејќи ротациите и вртењата околу шипката потенцијално го прават секој безбедносен појас дополнително опасен.
Самиот Бојцов потврди дека за време на изведувањето на подвигот немал никаква заштита и дека бил свесен дека и најмала грешка ќе значи крај. И покрај ова, тој решил да ги помести границите и да проба нешто што, кое како што тврди тој, не го направил никој пред него.