Мајсторски прв гол за Делап во дресот на Челси, премиерлигашот закажа европско осминафинале на СКП

Дерби

25/06/2025

11:29

150

Големина на фонт

а а а

Екипата на Челси издвојува рутинска победа над Есперанс Тунис од 3-0 во клучниот меч во групата Д за пласман во нокаут фазата на Светското клупско првенство.

„Сините“ потврдија дека се подобар, поквалитетен тим од клубот од Африка и со убедлива победа го освоија второто место во конкуренција зад Фламенго кој ремизираше со Лос Анџелес (1-1).

Лондонскиот состав сите три гола ги даде во судиското продолжение, два во првото и еден во второто полувреме. Адарабијо го отвори резултатот, потоа Делап со мајсторија дојде до првиот погодок во новата екипа, а точка стави Џорџ во 97 минута.

Ова значи дека во осминафиналето ќе имаме европска битка Челси против Бенфика, додека Фламенго оди на мегдан на Баерн Минхен.