Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата ќе остане во Далас Маверикс.
Освојувачот на шампионскиот прстен со Кливленд Кавалирс и франшизата од Тексас потпишаа тригодишен договор вреден 119 милиони долари. Кајри ја намали својата плата од 43 на 39 милиони долари, а последната година од договорот се активира на барање на играчот, односно кошаркарот ќе има можност да го тестира пазарот.
Далас ќе има респектабилен состав, покрај Ирвинг тука се Ентони Дејвис и Клеј Томпсон, а она што е важно за нив е што тие први ќе избраат на претстојниот драфт.
Откако Ирвинг го потпиша договорот, Далас објави дека Спенсер Динвиди, Кеслер Едвардс, Кај Џонс и Данте Ексум ќе си заминат како слободни играчи.