„Б-2 Спирит“ „невидливите“ бомбардери кои биле искористени за напад врз постројката за збогатување на ураниум во Фордоу биле опремени со тоалет, микробранова печка и торба за ладење со грицки за пилотите да се чувствуваат што е можно поудобно време на 37-часовното патување од Мисури до Иран и назад.
Флотата напредни американски бомбардери, првично дизајнирани да фрлаат нуклеарни бомби врз Советскиот Сојуз, полетаа од воздухопловната база Вајтман во близина на Канзас Сити во петокот на 18-часовен лет до Иран, дополнувајќи гориво неколку пати во воздух, соопштија официјални лица.
За такви долги патувања, пилотските кабини на бомбардерите Б-2 се опремени со мини-фрижидери и микробранови печки за екипажот да може да јаде и да остане буден.
Како и секој авион за долги релации, Б-2 Спирит има и тоалет. Исто така, има доволно простор за еден пилот да легне и да се одмори додека другиот управува со авионот.
Б-2 влезе во употреба во 1997 година, а секој авион чини повеќе од 2 милијарди долари. Воздухопловните сили на САД моментално имаат флота од 19 Б-2 бомбардери (откако еден беше изгубен во несреќа во 2008 година).
Со распон на крилјата од 52 метри и екипаж од само двајца пилоти, Б-2 се потпира на автоматизација за летање на долги мисии.
Седум бомбардери Б-2 распоредени за операцијата „Полноќен чекан“ (Midnight Hammer) летале речиси целосно во радарска тишина, додека пилотите се менувале за време на напнатата ноќ, објави британскиот „Телеграф“.
Мисијата, која траела 37 часа, беше најдолгата операција на Б-2 од нападите на 11 септември врз Авганистан.
Пилотите на овие авиони се обучени да издржат долги и заморни летови, а претходните екипажи дури носеле и склопливи кревети или подлоги за кампување, пренесе „Атлантик“.
За време на мисијата, бомбардерите не биле сами – ловци и авиони за придружба им се придружиле близу до иранска територија.
„Во прецизно темпиран маневар, бомбардерите Б-2 се поврзале со придружбата и поддршката, во строго ограничен воздушен простор и со минимална комуникација“ изјави генерал-потполковник Даниел Кејн, претседател на Здружениот штаб на вооружените сили.
Операцијата во иранскиот воздушен простор започнала во саботата во 18:40 часот по источноамериканско време, кога првиот Б-2 фрлил две „GBU-57“ бомби – таканаречените „уништувачи на бункери“ или „bunker busters“ – кон целта во Фороу.
„Потоа други бомбардери ги нападнаа преостанатите цели, вкупно 14 MOP бомби „Massive Ordnance Penetrators“ (масивни пенетратори на артилерија) беа фрлени врз двете нуклеарни цели“ додаде Кејн.
Ова беше прв пат САД да ги искористат масивните 14-тонски бомби GBU-57 во напад.
„Не постои друга војска во светот што би можела да направи нешто вакво“, напиша претседателот Трамп на „Truth Social“.