Израел објави фотографија од иранска ракета: „Испукана е по примирјето“

Макфакс

24/06/2025

15:05

1.745

Големина на фонт

а а а

Амбасадата на Израел во Обединетото Кралство објави фотографија од остатоците од ракета за која тврди дека била испукана во северен Израел за време на прекинот на огнот со Иран.

„Ова е ракета испукана кон северот на Израел – не за време на војната, туку за време на таканареченото примирје“, стои во објавата на официјалниот профил на платформата „Икс“.

„Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот“, се додава во соопштението.

Израелските одбранбени сили претходно објавија дека најмалку една ракета била испукана од Иран неколку часа по почетокот на прекинот на огнот. Иран го негираше ова, тврдејќи дека не извршил никаков напад откако прекинот на огнот стапи во сила. Израел најави жесток одговор на Иран.