[ВИДЕО] Англичанка шокирана од цените во Хрватска: „Ова е полошо од Лондон, како живеат луѓето тука?“

Точка

24/06/2025

15:45

1.614

Големина на фонт

а а а

Англиската тиктокерка Алекс, била непријатно изненадена од цените во Хрватска и тврди дека цените се повисоки од Обединетото Кралство.

Таа на ТикТок објавила видео од еден трговски центар во којшто била видно изненадена од цените во Хрватска.

„Не можам да верувам колку е скапо, буквално полошо од Лондон. Се прашувам, како живеат тука? Видов конзерва туна за 4 евра, гледам во сладолед којшто чини 8 евра. Ова е како „премиум шопинг“ во Обединетото Кралство“, рекла таа, а нејзиното видео е погледнато над 600 илјади пати и има многу коментари.


„Можеби имаме повисоки цени, но барем платите се пониски“, се пошегувал некој Хрват во коментари.

„Замисли како ни е нас самохраните мајки тука, со две деца, преживување, а не живот“, напишала некоја корисничка со која многумина се согласиле.

„Како Хрватка која живее во Лондон, се согласувам. Храната и производите за хигиена се многу поевтини во Лондон. Тука мислам на основната храна која ја купувате во маркетите и она што го купуваме во dm, тука е поевтино“, напишала некоја жена.

„Лажеш, Лондон е поскап барем 60 отсто во најевтиниот сегмент. Ти споредуваш премиум производи кои во Лондон се поскапи минимално 80 отсто“, коментирал некој друг корисник.