Архитект открива како да ја оладите собата без клима: Постојат 2 начини кои проверено делуваат

Точка

24/06/2025

15:03

736

Големина на фонт

а а а

Архитектот Лео Рогел ги открива најдобрите начини како да ја изладите спалната соба во текот на вечерта.

„Проблемот со вентилаторите е во тоа што тие само го движат воздухот, па мора да најдеме начин да го оладиме“, објаснува Рогел на својот јутјуб канал.

Според неговите зборови клучот е во тоа вентилаторот да стане наш сојузник. Но, како? Така што ќе додадеме влага во просторијата.


Тоа може да се постигне на два начини

„Првиот начин да го постигнете тоа е да испрскате малку вода низа собата со помош на распрскувач, за воздухот да биде посвеж“, вели Лео.

Меѓутоа, немаме сите распрскувачи при рака, па нуди и друга опција:

„Може да земете и пешкир, да го поставите зад вентилаторот. Имено, кога водата испарува, таа го лади околниот воздух. Тој свеж воздух вентилаторот ќе го повлече и ќе го насочи кон вас“.

А, постои уште еден трик, иако функционира само навечер:


„Поставете го вентилаторот на прозорец. Така тој ќе го повлече свежиот воздух однадвор и ќе го пренасочи внатре, што може да помогне во намалување на температурата во собата“, советува архитектот.

Како што вели тој, вентилаторот не е како клима-уред, но на ова жешко време, секој намален степен на температурата е значаен.