Тешка повреда која ја одбележа мајсторката: Халибартон на патерици ги тешеше соиграчите

Дерби

23/06/2025

11:24

100

Големина на фонт

а а а

Индијана Пејсерс ја загуби мајсторката со Оклахома Сити Тандер, а една од причините за тоа е отсуството на главната ѕвезда, моторот на екипата Тајрис Халибартон.

Халибартон имаше супер старт на натпреварот, реализираше три тројки од четири обиди и беше најрасположен играч на паркетот се додека не се случи повредата на 4:55 на крајот на првата четвртина.

Без контакт со противникот се здоби со повреда на долниот дел од ногата, па иако официјално не е потврдено најверојатно се работи за ахиловата тетива, повреда која долго време ќе го оддалечи од кошаркарските терени.

Меѓутоа тоа и покрај овој сериозен проблем, Халибартон останал лидер, ги бодрел соиграчите во соблекувалната на полувреме, а по крајот на мечот со помош на патерици ги поздрави и тешеше соиграчите.