Роналдо и компанија ќе добијат нов тренер: Пиоли „раскина“ со Ал Наср

Дерби

25/06/2025

12:31

188

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фудбалски стратег, Стефано Пиоли нема повеќе да го води прволигашот од Саудиска Арабија-Ал Наср.

Пиоли и клубот од Ријад се одлучија да се разделат по само една сезона, сезона во која клубот не освои ниту една титула.

Стефано кој во минатото стана шампион со Милан се враќа дома и веднаш ќе се впушти во нов предизвик затоа што ќе го преземе калчолигашот Фиоретина како наследник на Паладино.

Што се однесува до Ал Наср се уште не е познато кој би можел да ги води Роналдо, Дуран, Мане, Брозовиќ и компанија.