Интер Мајами и Палмеирас одиграа без победник на мечот на Светското првенство во САД, резултат кој им одговараше на двете екипи за да поминат во нокаут фазата.
Овие 2-2 го оставија Палмеирас на првото место на табелата и во осминафиналето доби полесен противник затоа што ќе игра со Ботофого, а можеше да го добие ПСЖ кој пак ќе вкрсти со клубот од Флорида.
Токму поради ова беше разочаран Лионел Меси затоа што неговиот тим до 80 минута водеше со 2-0, па едноставно сакаше да здивне на средината на теренот откако беше отсвирен крај на натпреварот. Тој го размени дресот со Густаво Гомез со што останаа разочарани другите играчи од Палмеирас.
Имено Алан стигна до него и откако виде дека дресот на Лео заврши кај Гомез ги побара неговите копачки или барем да се потпише, нешто на што Меси се согласи, ама тоа да биде направено во соблекувалната.
Меѓутоа Алан беше нетрпелив и откако виде дека доаѓаат со копачки и дресови за да Меси ги потпише, го зема маркерот, ги соблече копачките и тргна одново кон ѕвездата на Интер Мајами да ги потпише. Лео беше изненаден, но си остана на своето и им порача дека тоа ќе биде завршено во соблакувалните или подтрибинскиот простор.
ТУКА погледнете го видеото.