Кузмановски автор на еден од најатрактивните голови на сезоната во ЛШ

Дерби

25/06/2025

12:29

141

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски е автор на еден од најатрактивните голови на сезоната во Лигата на шампионите.

Кузмановски беше најдобар играч на „зелено-белите“ во елитното натпреварување, а погодокот што го постигна против Динамо Букурешт во Битола се најде во Топ 10 на изборот на ЕХФ.

Неговата „бомба“ се најде на десеттата позиција, додека број еден е мајсторијата на Јан Гури од Спортинг Лисабон во пресметката со Фуксе Берлин.