Манчестер Јунајтед планира да се ослободи од неколку ѕвезди во летниот преоден рок, а менаџерот Рубен Аморим не планира да ги инволвира во главниот дел од подготовките за новата сезона.
Португалскиот стручњак веќе јасно им посочил на Маркус Рашфорд, Антони, Алехандро Гарначо и Џејдон Санчо дека треба да си бараат решение за следната сезона, а останува нивните агенти да се активираат во преодниот рок и да им пронајдат нова средина.
Четворката во која најголем број членови имаат и многу големи плати нема да патува со тимот на американската турнеја во јули и ако овие играчи дотогаш не направат трансфер, ќе продолжат со индивидуални тренинзи во тренинг центарот на Јунајтед.
– Аморим се обидува да воспостави авторитет во тимот.
– Тешко е да успее во такво нешто кога доаѓа среде сезона, но сега има можност да го профилира тимот според своите желби. И тој не троши време, а истовремено сака и помал состав со кој ќе може да изгради цврст однос, – пренесува „Сан“ од свои извори во клубот.