Ламин Јамал е новата голема надеж на шпанскиот великан Барселона, играч кој има огромен потенцијал и квалитет, играч кој се очекува да одбележи една ера и да биде вистински лидер како Лионел Меси.
Очекувањата се големи, притисокот ќе биде се поголем и поголем и младиот Јамал дефинитивно ќе има многу предизвици пред себе како на теренот така и надвор од него, меѓутоа иако се уште е тинејџер тој зрело размислува кога е во прашање фудбалот и има јасно поставена мисија пред себе, да биде се подобар и подобар од сезона во сезона.
- Поради моите години, ќе се подобрувам секоја година бидејќи моето тело ќе расте и разликата со другите противници ќе биде позабележителна. Ќе ми биде поудобно на теренот, - вели Јамал кој сака да игра и да победува против големиот ривал Реал Мадрид.
- Да се победи против Реал Мадрид е секогаш нешто многу посебно, нешто за кое сонуваш уште од дете. Тимот е многу конкурентен, ние тоа го докажавме. Во Класико, имаш дополнителна мотивација, а ние ги оставивме „белите“ без да ја допрат топката 25 минути на нашата половина. На „Камп Ноу“ ќе биде уште полесно луѓето да дојдат и да уживаат, - порачува офанзивецот во документарецот „Inside Barca“.