Ефенберг има предлог за наследник на Кејн во Баерн: Треба да го следат

Дерби

20/06/2025

13:47

432

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен уште сега треба да размислува за наследник на Хари Кејн кој има договор со клубот до 2027 година, а клупската легенда Штефан Ефенберг има конкретен предлог.

Ефенберг очекува Баварците навреме да обезбедат нова „деветка“, а за таа позиција го предлага Ник Волтемаде од редовите на Штутгарт.

– Тој е класичен напаѓач и треба да размислува за клуб како Баерн.

– Не сега, но ќе дојде денот кога Кејн ќе замине и според мене и Баерн треба да го следи неговиот развој, – вели Ефенберг.

Волтемаде имаше одлична сезона во Штутгарт, а сега е еден од најважните играчи на младинската репрезентација на Германија која настапува на Европското првенство.