Асоцијацијата на англиски професионални фудбалери номинираше шест премиерлигашки играчи за престижното признание „Фудбалер на годината“, а главен фаворит е Мохамед Салах.
Египетскиот интернационалец веќе доби признанија за последната сезона, а сега ќе се обиде да триумфира и во изборот на своите колеги, а претставник на Ливерпул во друштвото финалисти е и Алисон МакАлистер.
Бруно Фернандеш е единствениот член на Манчестер Јунајтед, кој и покрај катастрофалната сезона на екипата доби привилегија да биде финалист, а тука е и Александар Исак, кој му помогна на Њукасл да стигне до трофејот во ФА купот.
Кол Палмер од Челси и Деклан Рајс од Арсенал се последните номинирани и тоа го заслужија со фактот што беа најдобри фудбалери на своите екипи во текот на претходната сезона.
Освојувачот на признанието ќе биде објавен на посебна церемонија на 19. август во Манчестер.