Дивац итно опериран по сообраќајната несреќа која се случила во Црна Гора

Дерби

20/06/2025

10:51

2.644

Големина на фонт

а а а

Кошаркарската легенда Владе Дивац завршил на итна операција по вчерашната несреќа која ја доживеал во Црна Гора.

Дивац паднал од својот моторцикл и според очевидци не можел самостојно да се движи, пред да биде одведен во болница со амбулантно возило.


Српските медиуми утринава пренесуваат дека некогашниот НБА центар заработил фрактура на колкот и затоа морало да биде опериран, за што побрзо санирање на проблемот кој го заработил со падот.

Дивац последниот период често престојувал на црногорското приморје, каде минатата година му беше домаќин и на славниот Меџик Џонсон во Бока Которска.


Вчерашната несреќа се случила во Луштица.