Ботафого го победи европскиот шампион и се приближи до осминафиналето на клупскиот мундијал

Дерби

20/06/2025

11:56

140

Големина на фонт

а а а

Ботафого излезе како победник во дуелот на актуелните шампиони на Европа и Јужна Америка и сериозо се приближи до пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Луис Енрике се одлучи за неколку промени во тимот, а повторно не располагаше со повредениот Дембеле, а неговиот тим првпат не успеа да постигне гол на официјален натпревар уште од поразот од Ливерпул во месец март.

Решавачкиот момент кој го одлучи победникот се случи во 34. минута, кога Игор Жезус успеа добро да се снајде меѓу двајца дефанзивци на француската екипа и го совлада Донарума.

До крајот ПСЖ упати само два удара во рамките на голот на Ботафого и не успеа да реализира барем за израмнување, со што сега ќе мора да брка победа против Сиетл за пласман во следната рунда.

Претходно, во истата група Атлетико го победи Сиетл со 3:1 и сега има ист број бодови со ПСЖ, но и натпревар со Ботафого во последното коло.