Суперкомпјутер со прогноза за новата сезона во Премиер лигата, трката за титулата ќе биде пеколна

Дерби

20/06/2025

11:55

193

Големина на фонт

а а а

Пред два дена беше одреден распоредот за новата сезона во Премиер лигата, натпреварувачката 2025/2026 во која пехарот ќе го брани Ливерпул.

За месец август е закажан стартот на новата кампања и тоа со дуелот на „Енфилд Роуд“ каде шампионот ќе го пречека Борнмут, коло во кое пак дербито ќе биде во Манчестер каде Јунајтед ќе го дочека вицепрвакот Арсенал.

Иако има време до тие возбудувања, можат доста работи да се променат кога се во прашање составите, суперкомпјутерот од „AceOdds“ направи прогноза за тоа што може да се очекува и каква ќе биде завршната табела во 2026 година.

Нијанси ќе решаваат за титулата која ќе ја одбрани Ливерпул пред „вечно“ вториот Арсенал и Манчестер Сити. Челси ќе ја заокружи првата четворка, додека пак ќе испаднат сите екипи кои ќе влезат Лидс, Барнли и Сандерленд.

Манчестер Јунајтед ќе биде подобар од претходнава година, ама ќе заврши на 9. позиција и одново ќе остане без Европа.