[ФОТО] Модна магија во боите на виножитото: Заборавено издание на принцезата Дајана кое денес веројатно би било забрането

Точка

20/06/2025

10:12

963

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Велс во 1990 година се појавила на популарните трки со коњи „Royal Ascot“ и тоа во шарено модно издание.

Инаку, трките со коњи „Royal Ascot“ започнале на 17 јуни и ќе траат до 21 јуни.

Овој популарен настан се одвива повеќе од три века во гратче недалеку од Лондон.


На овие трки се појавуваат лица од британското кралско семејство, но и познати луѓе од светот на шоубизнисот.

За овој настан комбинациите се осмислуваат со недели, па дури и месеци, особено затоа што мора да се почитуваат специфични правила.

Очекувано, принцезата Дајана била една од неколкуте исклучоци кои не ги почитувале правилата за облекување. А, сигурно е дека денес таквото модно издание би било забрането.

Во далечната 1990 година, принцезата од Велс на „Royal Ascot“ се појавила со принцот Чарлс, принцот Ендру и Сара Фергусон.


Таа со своето модно издание секако дека се истакнала пред сите останати. Принцезата за оваа прилика облекла виолетово здолниште со голем ремен. Ова здолниште го искомбинирала со жолта блуза, а над неа имала кратка јакна со боја на цреша. Шареното издание го заокружила со црвен шешир.

Како што наложуваат правилата на „Royal Ascot“, оние кои се наоѓаат во кралскиот дел на овој настан, треба да носат соодветни материјали и бои.

Фустанот треба да биде со скромен изрез, а панталоните и комбинезоните исто така се дозволени.


И, иако ова модно издание на принцезата Дајана денес не би било дочекано со најдобрите модни оцени, сепак принцезата од Велс дефинитивно го испочитувала правилото кое налага гостите да носат шешир со минимален пречник од 10 сантиметри.


Што мислите вие за ова модно издание на принцезата Дајана?