[ВИДЕО] Експерт за однесување на животни тврди: Ова е најголемата и најчестата грешка на сопствениците на мачки

Точка

18/06/2025

15:52

970

Големина на фонт

а а а

Мачките понекогаш делуваат како мистериозни суштества и тешко е да се предвиди нивното однесување, но всушност тие само се однесуваат – како мачки. Кога ќе забележите проблем во однесувањето на мачката, без разлика дали станува збор за вршење нужда надвор од кутијата со песок, одбивање на омилената храна или ненадејно гребење и гризење на домашните, може да ви се стори дека тоа се појавило одеднаш.

Сепак, поголемиот дел од промените кај мачките не се случуваат преку ноќ, па затоа е важно да знаете што можете да направите за да го решите проблемот, пишува порталот „Петсрадар“.

Саба Сајед, позната како „бихевиористка за мачки“ на социјалната мрежа Инстаграм, во нова објава посочува нешто што секој сопственик на мачка треба да го знае.



„Девет од десет пати? Проблемот не почнува со новото однесување“, објаснува Саба и додава дека проблемот започнува многу порано, а најголемата грешка што ја прават повеќето сопственици е тоа што чекаат нешто да тргне наопаку за дури тогаш да почнат да учат за мачкинското однесување. Но, до тој момент, проблемот веќе ескалирал, а мачката е веќе анксиозна, збунета и страда.

Сопствениците треба да научат сè за однесувањето на мачките уште пред нивниот миленик да покаже какви било промени. Со други зборови, „сопственикот треба да биде проактивен, а не реактивен“, бидејќи тоа може да спречи месеци или дури години стрес и кај мачките и кај луѓето, како и развој на анксиозност кај мачката.


Позитивното поттикнување, наградување, е многу важно при (пре)васпитување, кога се обидувате да промените однесување кај мачка. Пофалби и посластици обично се користат при дресура на кучиња, но и мачките можат да се дресираат: кога ќе покажат однесување што го посакувате, понудете им посластица која ќе ги мотивира да го повторат.

Може да ја научите мачката на посакувано однесување преку пренасочување. Ако мачката сака да ве гризе и гребе додека си играте, а сакате да го спречите тоа, важно е да не си играте грубо со неа и во играта да не ги користите сопствените прсти.