[ВИДЕО] Нов напад на Израел врз Иран

Макфакс

18/06/2025

17:40

397

Големина на фонт

а а а

Израелската армија соопшти дека Техеран повторно е нападнат. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нивните воздушни сили напаѓаат воени цели во областа Техеран. Иранската револуционерна гарда објави дека неколку проектили ги погодиле северните и источните предградија на Техеран.

Новинската агенција Фарс јавува дека експлозии се слушнале во градот Карај, западно од Техеран. Во извештајот се додава дека противпожарните и спасувачките возила се на терен, во близина на аеродромот Пајам. На социјалните мрежи кружат снимки од нападот.

„Израелските воздухопловни сили го уништија седиштето на иранската внатрешна безбедност“, објави израелскиот министер за одбрана. „Торнадото сè уште го погодува Техеран“, изјави Израел Кац.

„Воените авиони сега го уништија седиштето на внатрешната безбедност на иранскиот режим, главниот репресивен апарат на иранскиот диктатор“.

Иранската државна телевизија Прес ТВ објави дека израелски воздушен напад погодил област во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран.

„Израелски напад беше пријавен во близина на објектот на Црвената полумесечина во Техеран“, се вели во соопштението на Прес ТВ на Телеграм.

Непосредно пред објавувањето на веста за нападот, израелската војска објави дека нејзините воздушни сили изведуваат напади врз „воени цели на иранскиот режим во Техеран“.