Барселона незадоволна од судењето на Николов и Начевски: Не беа на ниво, ние сме оштетени!

Дерби

16/06/2025

11:31

233

Големина на фонт

а а а

Барселона не успеа да го одбрани трофејот во Лигата на шампионите и завршниот турнир во Келн го заврши на четвртата позиција.

Каталонците во полуфиналето беа поразени од Магдебург и тоа по една драма која беше решена пред звукот на сирената, додека вчера во дуелиот за третото место беа надиграни од Нант.

Овој резултат секако е разочарување за Барса која смета дека е оштетена во полуфиналето со Магдебург, поточно е незадоволна од арбитражата на нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Начевски и Николов доделија три црвени картони за составот кој го предводи Ортега, а Магдебург доби и десет пенали или шест повеќе од клубот од АСОБАЛ лигата.

- Го изразивме ставот на Барса директно до ЕХФ, до главниот на натпреварувањето. Поднесовме жалба за судењето, кое верувам дека не беше на ниво какво што сите би очекувале за настан за кој сите веруваме дека е најдобар во светот. Не се работи за лоша судиска двојка, но мислам дека не беа на ниво и очигледно се чувствуваме оштетени од судењето, - истакна кординаторот на Барселона, Жоан Мартин.

- Не ја занемаруваме работата што ја направи Магдебург или што другите би можеле да ја направат, но мислам дека е јасно дека не можеме да се чувствуваме… имаше доста работи што не беа на ниво. Само ги изразуваме нашите чувства. Знаеме дека тоа нема никакво значење (за жалбата), - додаде Мартин.