Менаџерот на Брајтон распали по ѕвезда на Арсенал за трошење на време, па нагласи: Само еден тим сакаше да игра фудбал!

Дерби

05/03/2026

07:51

225

Големина на фонт

а а а

Фабијан Хирцелер беше еден од низата менаџери кои испратија остри критики за фудаблскиот стил на Арсенал и тактиката која ја применуваат при изведување корнери, но исто така, предводникот на Брајтон го апострофираше и времето кое го трошат „топчиите“ при прекини во ситуација кога имаат поволен резултат.

Судбината посака токму такво сценарио на вчерашниот меч кој се одигра во Премиер лигата, пресметка на која Арсенал рано поведе по една лоша реакцијата на голманот Вербруген, а по која се реши да го брани минималното водство без да бира средства во обидот да дојде до посакуваната цел.

Статистички гледано, Брајтон беше подобар од Арсенал, но на крајот домаќините мораа да се помират со пораз, кој дефинитивно тешко му падна на Хирцелер.

– Секој гледа што се случува кога игра Арсенал и секој може да има свое мислење и толкување. Го кажав ова и пред натпреварот, но веќе се случува пречесто. Премиер лигата треба да најде решение, без разлика дали ќе го прави тоа со повеќе жолти картони за задржување и трошење на време.

– Обично вие ми поставувате прашања, но сега ќе поставам едно и јас: Кога сте виделе последен пат еден голман три пати да лежи на земја на еден натпревар?, – запраша Хирцелер, јасно прозивајќи го голманот Давид Раја.

– Без оглед на се, јас сум задоволен од перформансите на моите момци. Имаше само еден тим кој сакаше да игра фудбал, а тоа бевме ние. Затоа си заминувам горд и покрај поразот, – заврши германскиот стручњак.