Нова победа на Темов: Македонскиот тенисер заблеска во Анталија

Дерби

05/03/2026

07:57

161

Големина на фонт

а а а

Андреј Темов како четврт носител го доби „малечкото финале“ односно дуелот за третото место на тенискиот турнир во У14 конкуренција што се игра во Анталија, каде што го надигра вториот носител Денис Шенгул со 6:4 и 6:4.

Претходно, во полуфиналето, Темов беше тесно поразен од првиот носител Арас Јалчинкаја со 7:5 и 6:4 , но покажа дека го заслужува местото во врвот со новиот триумф.

Јалчинкаја денес во финалето го совлада Босанецот Кан Ахиќ со 6:1 и 6:3 за победа на затворениот турнир во организација на „Tennis Europe“, кој беше прв од двата што се играат во таканаречениот „Junior Tour“, како „Development championship 2026“.

Со ова Темов најави дека и следната недела ќе атакува на нови поени и победи во текот на втората недела од овој наменски затврорен турнир, а покрај настапите во поединечна конкуренција ќе игра и во двојки со Василиј Закоски.

Грузијците Гиорги Кнцурашвили и Јакоби Сванадѕе победија во двојки со 7:6 и 7:5 против турскиот тим составен од Јалчинкаја и Шенгул, откако вчера во три сета се намачија со Темов и Закоски (6:2, 1:6, 10:7).

Ведрана Танеска и Деа Крстевска играа во конкуренција на девојчиња до 16 години, но поединено беа елиминирани во втората рунда, додека во двојки загубија уште во првото коло, па со нетрпение ќе очекуваат подобра ждрепка за вториот дел од турнирот.