Артуро Видал дефинитивно е еден од најдобрите играчи од Јужна Америка во последните 15-20 години, играч настапуваше за големи екипи во Европа, тргна од Германија во Баерн Леверкузен за да потоа биде дел од Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и Интер пред да се упати во Бразил каде беше дел од две екипи пред да се врати дома во Чиле во Коло Коло.
Низ кариерата Чилеанецот имаше жестоки пресметки со Реал Мадрид и не е голем фан на „кралевите“ и потврда за тоа е новата негова констатација дека бил „ограбен“ во некои соочувања со шпанскиот великан.
- Да, се чувствував ограбен од Реал. Во два натпревари со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, во четвртфиналето и полуфиналето, кога нè елиминираа. Затоа го измислија ВАР, за да не крадат повеќе, - истакна Артуро алудирајќи на Реал.
Во однос на плановите за следниот чекор во кариерата, Видал порача:
- Сакам да продолжам и брзо да преземам тим. Навистина би сакал да бидам тренер. Сакам да останам поврзан со ова што го сакам. Го сакам фудбалот не само затоа што е моја професија, туку затоа што многу го гледам. Би сакал да им помогнам на младите луѓе овде во Чиле, да ги учам и да им помогнам да ја имаат кариерата што ја имав јас, - подвлече големиот борец.








