Под мразот на Антарктикот откриен одамна изгубен свет – она што научниците го објавиле ќе ве распамети

Точка

12/06/2025

19:17

3.774

Големина на фонт

а а а

Во источниот регион на Антарктикот, познат како Вилксова земја, научниците откриле огромен прастар пејзаж којшто е недопрен повеќе од 34 милиони години.

Оваа област, со величина на Белгија, се наоѓа длабоко во внатрешноста на континентот, далеку од крајбрежјето, а лежи под повеќе од 1,5 километри од дебелиот слој мраз.

Временска капсула

Користејќи ги податоците од сателитите и радарите, кои продираат низ мразот, истражувачите заклучиле дека овој заборавен свет некогаш бил „шарен“ со реки, покриен со шуми, па дури и палми.

Одредени докази постоеле и претходно, како полен од палма којшто бил откриен на крајбрежјето на Антарктикот, што укажува на некогашен буен, зелен пејзаж, пренесува „Daily Mail“.


Се проценува дека целиот предел се простира на повеќе од 31 илјади квадратни километри, речиси колку сојузната држава Мериленд.

„Тоа е како да сте пронашле временска капсула“, вели професор Стјуарт Џејмисон, главен автор на студијата од Универзитетот Дарам.

Поголема енигма од Марс

Во древните времиња, како што се поместувале континентите, Антарктикот постепено се поместувал кон Јужниот пол. Оваа промена предизвикала формирање на силни океански струи околу континентот, кои го изолирале од топлите води.

Истовремено, концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата почнала да се намалува, што довело до глобално заладување. Комбинацијата на овие фактори предизвикала формирање на масовна ледена покривка, претворајќи го Антарктикот во „замрзната пустина“ каков што е и денес.

„Земјиштето под антарктичкиот мраз на исток е помалку познато од површината на Марс“, нагласил Џејмисон.

Тој додал и дека тимот истражува мал дел од скриениот пејзаж, за да се дознае повеќе за неговата еволуција, но и историјата на самата ледена покривка.


Неверојатен пејзаж

Студијата открила драматичен пејзаж под мразот, со импозантни гребени и длабоки долини кои останале заробени милиони години.

Идентификувале три блока тло, долги меѓу 120 и 170 километри и широки 85 километри. Тоа подрачје ги раздвојува долините широки до 40 километри кои се спуштаат до 1.200 метри длабочина.

„Неверојатно е што овој пејзаж, скриен со векови, може да ни открие многу за раната и долгорочна историја на антарктичкиот леден покривач на исток“, изјавил професор Нил Рос, геофизичар од Универзитетот Њукасл и коавтор на студијата.

Ова откритие исто така дава увод за тоа како ледената прекривка би можела да се однесува во иднина, како последица на климатските промени.

„Она што го гледаме е древна површина на земјата која мразот не ја еродирал, изгледа како да ја обликувале реки пред да стигне мразот“, објаснил професор Џејмисон.