Белоруски научник за „мутантите“ во зоната на Чернобил: Ова е вистината

Точка

24/04/2026

14:29

840

Големина на фонт

а а а

Директорот на Институтот за радиобиологија при Националната академија на науки на Белорусија, Игор Чешик, изјави дека белоруските научници не регистрирале појава на мутирани животни во чернобилската зона на исклучување.

Чешик за руската агенција „RIA Novosti“ наведе дека за време на истражувањата во погодената зона околу нуклеарната електрана не биле забележани животни со физички аномалии како „две глави или два опашки“, и дека такви случаи не се појавиле ниту веднаш по несреќата, ниту во децениите потоа.


Тој потсети дека несреќата од 1986 година зафатила голем дел од територијата на денешна Белорусија, но нагласи дека животинските популации во зоната на исклучување со текот на времето се обновиле.


Според неговите зборови, во подрачјето кое со децении е без човечко присуство заздравиле флората и фауната, па денес таму живеат различни видови како волци, бизони и коњи.


Научникот заклучи дека, и покрај долготрајната радијациска контаминација по катастрофата во Чернобил, научните набљудувања не го потврдиле постоењето на мутирани животни во зоната.


Во советската атомска електрана во Чернобил, на 26 април 1986 година, експлодираше четвртиот реактор, предизвикувајќи најтешка мирнодопска нуклеарна катастрофа, по која илјадници луѓе починаа од последиците на зрачењето, а радиоактивниот облак покри значителен дел од Европа, со далекусежни последици.