[ФОТО] Совршенство – куќа во која живее вечно лето, а има тераса на која може да спиете

Точка

10/06/2025

14:07

1.811

Големина на фонт

а а а

Овој простор исполнет со светли и топли тонови, нуди смиреност и елеганција.

Секоја просторија е едноставна, но и внимателно осмислена во деталите, од рачно изработени перничиња до раскошно украсени детали кои на просторот му даваат ориентално волшепство.


Во самото срце на Маракеш се крие ентериер којшто совршено ги спојува морнарските естетики, топлите и богатите детали. Во уредувањето доминираат и нијанси на белата, беж и песок бојата, со нагласувања во боите како впечатливо портокалов текстил во спалната соба или зелени тонови во катчето за опуштање.

Заедничките простори се исполнети со удобни перничиња, ниски столчиња и традиционални лустери, додека пак во бањата и кујната се споени рустикалните материјали со модерната функционалност.

Кровната тераса со поглед кон целиот град е идеално место за одмор под мароканското сонце.


Стилот којшто преовладува е марокански ориентиран, карактеристичен по декоративните примери, природните материјали и рачно изработени детали.

Маракеш, како еден од најпознатите градови во Мароко, познат е по своите риади, традиционални куќи со внатрешен двор кои нудат мирна и естетски префинета атмосфера.