[ВИДЕО] Пар од Србија ја посети најопасната плажа во светот: Колку се исплаќа ваквата авантура?

Точка

15/04/2026

19:35

615

Големина на фонт

а а а

Спектакуларниот поглед од врвот на карпата привлекува илјадници туристи, но спуштањето по неа не е за секого.

Српските инфлуенсери Алекса Тодоровиќ и Милена Бореновиќ за време на своето патување на Бали решиле да го посетат едното од најдраматичните и најопасни места во тој дел од светот – познатата плажа Келингкинг.

Станува збор за локација што се наоѓа на островот Нуса Пенида, во непосредна близина на Бали и која во последните години стана вирална на социјалните мрежи благодарение на глетката од карпата која од воздух потсетува на облик на диносаурус. Токму тој спектакуларен поглед од врвот на карпата привлекува илјадници туристи, иако спуштањето до самата плажа е сè само не лесно и безбедно, пишува „City Magazine“.


Плажата Келингкинг важи за една од најопасните плажи во светот. Причината не е само стрмната и исклучително тешка патека по која посетителите треба да се спуштат, туку и силните бранови и моќните морски струи што често го оневозможуваат капењето, па на посетителите неретко им се советува да останат на врвот и да уживаат во погледот.

Алекса и Милена своето искуство го документираа во видео кое брзо го привлече вниманието на следбениците, пред сè поради реалниот приказ за тоа колку е тешко спуштањето. Тесната патека, импровизираните скали од камења, лизгавите површини и постојаниот страв од бездна оставаат впечаток што е далеку од класичната разгледница „рај на земјата“.

„Ова, во најмала рака, беше едно многу непријатно искуство. Потребна е сериозна подготовка за спуштање до плажата Келингкинг. Дали се исплаќа? Ако мене ме прашате – да, но верувајте ми, нема да уживате во самиот процес. На луѓе им се слошуваше, добиваа напади на паника. Јас не успеав да снимам ни десеттина од патот, бидејќи навистина е доста небезбедно и лизгаво“, напиша Алекса покрај видеото.

Тој додаде и дека еден дел од патот е речиси невозможно да се документира бидејќи теренот е толку суров што во многу моменти нема простор ниту да се разминете, а камоли да снимате. Сепак, и покрај сè, парот истакна дека искуството вредело – барем поради фактот што стигнале до една од најпознатите „скриени“ плажи во светот.

Посебен куриозитет е и тоа што е во план изградба на лифт кој во иднина би требало да го олесни пристапот до плажата. Дотогаш, Келингкинг останува дестинација за најхрабрите – и физички подготвени – патници кои сакаат да го доживеат едниот од најубавите, но и најопасни пејзажи во Индонезија.