[ФОТО] Проѕирен фустан како облак и накит вреден 100.000 долари: Модното издание на Ен Хатавеј доминираше во Њујорк

Точка

15/04/2026

07:35

1.189

Големина на фонт

а а а

Актерката Ен Хатавеј ни сервираше смело модно издание синоќа, без ни трага од вулгарности, а сè прекрасно комбинирала со чевли од „Кристијан Лубутен“ и накит од „Булгари“.

Оваа пролет сите зборуваат за модните изданија на Зендаја и Ен Хатавеј, кои ги промовираат своите најнови филмови на екстравагантен начин и во впечатливи стајлинзи.


И додека сите зборуваат за продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, актерката Ен Хатавеј промовира уште еден филм во кој глуми, „Мајка Марија“.

За премиерата на овој филм во Њујорк, убавата актерка синоќа носела фустан кој малку ги поместил границите на модата.


Дизајнерката Лесја Верлингери го дизајнирала транспарентниот и волуменозен фустан по нарачка за Ен Хатавеј.

Тенкиот дизајн е составен од спирални слоеви од тул, кои речиси лебдат над телото на актерката како облак.

Според „InStyle“, обетките и прстените од 18-каратно бело злато со дијаманти и смарагди чинат повеќе од 100.000 долари.


Стајлингот на Ен Хатавеј го дизајнираше нејзината долгогодишна соработничка Ерин Волш, која се грижи и за стилот на Селена Гомез и Алисон Бри.


Ви се допаѓа ли ова модно издание на актерката?