Шеј со МВП издание донесе прва победа за Оклахома во финалињата по пауза од 13 години

Дерби

09/06/2025

11:06

83

Големина на фонт

а а а

Оклахома успеа да се освести и победи на натпревар кој мораше да го добие по секоја цена (123:107), па така ја израмни финалната серија во НБА лигата на 1:1.

Индијана направи подвиг на првиот меч и го шокираше фаворитот во последниот напад благодарение на Халибартон, но рано утрово Пејсерси немаа сили за ново изненадување, пред се поради инспирираниот Шеј Гилџес-Александер.

Најдобриот играч на Оклахома имаше МВП издание и со 34 поени, 8 асистенции, 5 скокови и 4 украдени топки ја предводеше Оклахома до прва победа во НБА финалињата по пауза од 13 години, скршен малер кој сите во тимот надеваат дека ќе означи старт на важен пресврт.

Шеј не беше оставен сам на себе и доби поддршка од Карусо кој уфрли 20 поени, Вилијамс постигна еден помалку, а Вигинс имаше 18 поени.

Во екипата на Индијана, Тајрис Халибартон постигна 17 поени, Тарнер 16, а Сијакам еден помалку.

Финалната серија сега се сели во Индијанаполис, а третиот меч се игра ноќта измеѓу среда и четврток по средноевропско време.