[ВИДЕО] Трајковски погоди, Македонија повторно победи! Лидери сме во групата

Дерби

09/06/2025

18:41

1.540

Големина на фонт

а а а

Македонската сениорска фудбалска репрезентација оствари победа над Казахстан од 1-0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во три држави-Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

Избраниците на Милевски ја посакуваа победа, постоеше притисок, меѓутоа на крајот се реализираше најдоброто сценарио за нас, славје на тешкиот и незгоден терен на вештачка трева во Астана.

Домаќините дури трипати ја погодуваа рамката од голот на Димитриевски, ама сетоа тоа ќе се заборави затоа што ние ги освоивме трите бода и сега сме лидери во групата Ј со осум освени бода.

   

      Standings provided by Sofascore

   

Клучниот момент се случи во 33 минута кога при обидот на Миовски топката дојде до Трајковски кој со волеј удар ја затресе мрежата на Казахстан.

ТУКА погледнете го голот.

Наредниот предизвик за нашиот национален тим е Лихтенштајн со кого ќе се соочиме на 7 септември во Скопје.