[ФОТО] Ја чуваат традицијата: Стара "Lancia" го вози италијанскиот претседател веќе 60 години

Точка

05/06/2025

20:43

1.000

Големина на фонт

а а а

"Lancia Flaminia" е претседателската лимузина на Италија која опстојува повеќе од шест децении и служи како вдахновение за идните модели.

Претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во понеделникот ја отвори прославата по повод Денот на Републиката во Рим – и тоа во легендарната претседателска лимузина "Lancia Flaminia".

Овој датум го одбележува формирањето на Италијанската Република во 1946 година, а "Flaminia" веќе над 60 години симболизира државна елеганција и традиција.

Шеесет години во служба на државата

"Lancia Flaminia" е официјално претседателско возило од 1961 година и се користи исклучиво за специјални пригоди, како што се прославите на 2 јуни или претседателските инаугурации во Квириналската палата.

Низ децениите, со оваа луксузна лимузина се возеле бројни светски државници, меѓу кои и кралицата Елизабета II, Џон Ф. Кенеди и Шарл де Гол.


Специјална серија само за претседателот

Моделот "Flaminia" беше претставен на саемот за автомобили во Женева во 1957 година со 2.5-литарски "V6" мотор.

Претседателската верзија, изработена во 1961 година, ја носи ознаката „335“, што се однесува на меѓуоскиното растојание од 335 сантиметри, а дизајнот го потпишува славниот "Pininfarina".

Првиот претседател што ја одбрал оваа лимузина бил Џовани Гронки, а вкупно биле произведени само четири примероци, секој именуван по коњи од претседателската штала: Белфиоре, Белмонте, Белведере и Белсито.


Луксуз без компромис

Сите возила се во темно-сина боја, со ентериер обложен во црна кожа "Connolly", интерфон систем за комуникација со возачот, пет седишта во задниот дел (една клупа и два склопливи), и детали достојни за државен врв.

По реставрацијата во 2001 година, два автомобили – "Belfiore" и Belvedere – и понатаму се чуваат во претседателската гаража.


Вдохновение за идните модели

Претседателската "Lancia Flaminia" е еден од девет историски модели на "Lancia" што ќе послужат како инспирација за идните возила.

Нејзините елегантни линии, аеродинамична форма и флуиден дизајн ќе бидат пренесени во новиот модел "Gamma", чие производство ќе започне во 2026 година во фабриката во Мелфи.