[ВИДЕО] Србинка стана хит на ТикТок: Му објасни на Американец како изгледа дејтингот во Србија

Точка

03/06/2025

16:04

2.221

Големина на фонт

а а а

Интересно видео стана вирално на ТикТок во кое Американец интервјуирал девојка од Србија и ја прашал како се разликува дејтингот во нејзината земја во споредба со Америка.

Набргу по објавувањето видеото собра речиси 823.000 прегледи и предизвика бројни коментари, а многумина корисници се согласија со нејзините ставови.

„Која е разликата помеѓу дејтингот и врските во Србија и Америка?“, ја праша Тиктокерот Србинката на почетокот од видеото. „Различно е затоа што тука имате една фаза помеѓу, која ја нарекувате „дејтинг“. Ти и јас можеме да се состануваме шест месеци, однесувајќи се како да сме во врска, но всушност не сме. Тоа не постои во Србија. Ако се состанувате со некого веќе некое време, тоа значи дека веќе сте во врска. Нема ништо помеѓу“, објасни Србинката.


Таа исто така сподели колку многу била збунета кога првпат се сретнала со американската култура на дејтинг. „Кога дојдов тука, тоа беше првото големо изненадување. Како – чекај, што е ова? Значи, не сме заедно, но се однесуваме како да сме?“, рече таа.

Го збуни Американецот

„Значи, нема фаза на запознавање, ништо пред тоа? Ако те поканам на состанок, значи ние сме заедно?“, збунето ја праша Американецот.

„Постои фаза на разговор. Но штом ќе ја преминете таа граница со некого, ако имаш нешто со таа личност, тоа мора да го дефинираш. Или сме во врска или раскинуваме. Нема такво нешто како во Америка „се гледаме, но можеме да се гледаме и со други луѓе“. Кај нас, или си во тоа или не си“, му објасни таа.


Нејзиното објаснување предизвика позитивни реакции

„Јас сум од Србија и сум во врска три години. Можам да кажам дека оваа девојка е апсолутно во право. Штом некој се предомислува и не знае што сака, тоа е големо „црвено знаме“ (red flag), „Балканот е поразличен. Ние сме учтиви и ги почитуваме нашите партнери“, „Таа добро му објасни“, „Јас сум од Америка и се согласувам со оваа девојка. Изгледа дека морам да се преселам во Србија“, беа само дел коментарите на луѓето на кои им се допадна размислувањето на Србинката.

„Слично е и во Бразил. Работите се дефинираат многу побрзо отколку во Америка, што многу ми се допаѓа“, „Ми треба некој со план и визија, а тоа е навистина тешко да се пронајде денес“, „Неколку пати бев во Србија и ова е вистина. Генерално, Балканците се ретки луѓе во Европа кои ги негуваат семејните и традиционалните вредности“, беа уште некои од коментарите под ова вирално видео.