[ВИДЕО] Инфлуенсерка се пофали со „трик“ за пржење јајца: Луѓето ја исмејуваат

Точка

04/06/2025

21:00

1.675

Големина на фонт

а а а

Германската инфлуенсерка и самопрогласена гурманка „@jana.dvll“ објави видео на ТикТок во кое се пофали со „трик“ за пржење јајца поради што стана предмет на исмејување.

Имено, таа им препорача на своите следбеници да пржат храна со помош на вода од краставица, тврдејќи дека го научила методот од нејзината баба од Италија и дека никогаш повеќе нема да користи масло.

Во видеото, Јана покажа како прво го отсекла врвот на краставица, па со краставицата го премачкала дното од тавата. После тоа, скршила јајце и го испржила во тавата, а јајцето го сервирала со парче леб и исечкани парчиња краставица.


Видеото собра повеќе од 17,1 милиони прегледи, но корисниците на ТикТок не беа воодушевени од нејзиниот кулинарски совет, а многумина коментирале дека јајцата не се залепиле за тавата само затоа што користела тава со нелепливо дно.

Исмејување во коментарите

„Тоа е само вода“, „Што не е во ред со маслото?“, „Девојко, работата е во тоа што користиш нелеплива тава“ и „Направи го во тава од не’рѓосувачки челик и тогаш ќе се убедам“, беа само дел од коментарите.


И Италијанците исто така се огласија во коментарите.

„Мислам дека твојата баба не е Италијанка“, „Каква Италијанка, апсолутно не“, „Човеку, италијанска баба никогаш не би го заменила маслото со нешто друго“, напишаа тие.