Љубовта не постои за да нè направи среќни, туку за да ни покаже колку можеме да издржиме“: Животни мудрости од Херман Хесе

Точка

31/05/2025

22:01

3.696

Големина на фонт

а а а

Херман Хесе (1877 – 1962) е германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година. Најпознат по своите ремек-дела „Сидарта“, „Степскиот волк“, „Демијан“ и „Играта со стаклени мониста“, по индивидуалната потрага по автентичност, себеспознавање и спиритуалност, тој остава бесценета трага во светската литература.

Во продолжение прочитајте неколку цитати од овој познат писател.

„Како што стареев, сè помалку ме исполнуваа малите задоволства што ми ги нудеше животот и сè повеќе ми стануваше појасно каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смислата.“

„Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а дека да сакаш е сè, дека е способност да го чувствуваме она што дава вредност и убавина на нашето постоење. Без оглед каде на Земјата би се појавило она што може да се нарече среќа, би било сплетено од емоции.“


„Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат и едното и другото, но сепак се несреќни.

„Убавината не е ништо. Сум видел убави мажи и убави жени кои се несреќни и покрај нивната убавина.

Ни здравјето не е сè, секој е здрав ако така и се чувствува, има многу болни луѓе полни со желба за живот, кои ја негувале до самиот крај, и има здрави луѓе, кои овенале измачувани од стравот од страдање.

Но, среќата секогаш била таму каде што некој знаел да сака и живеел за своите чувства; ако ги негувал, ако не ги газел и потиснувал, тие секогаш му носеле задоволство.

Убавината не му дава радост на тој што ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да и се восхитува.

„Ако мразиш некоја личност, мразиш нешто во неа што е и дел од тебе. Она што не е дел од нас не ни пречи.“


„Мораш да го откриеш својот сон… но ниеден сон не трае вечно, после секој сон доаѓа друг и затоа не треба премногу да се држиш само до еден.“

„Нема друга реалност освен онаа која е содржана во нас. Затоа толку многу луѓе живеат нереален живот. Тие гo прифаќаат она што го гледаат надвор од нив како реалност и никогаш не му дозволуваат на светот во нив да излезе на површина.“

„Вишата сила е во тебе, а не во идеите и книгите. Вистината се живее, не се учи.“

„Мудроста не се пренесува. Кога мудар човек се обидува да ја пренесе својата мудрост, тоа секогаш звучи глупаво. Знаењето се пренесува, но не и мудроста. Таа се пронаоѓа, се живее, се прават чуда со неа, но не се пренесува и не се учи.“


„Љубовта не постои за да нè направи среќни, туку за да ни покаже колку можеме да издржиме.“

„Научи го тоа што сериозно вреди и насмеј се на останатото.“